Комерцијална банка известува дека сервисите Интернет банка и мБанка од вчера се целосно функционални.
Од утре, понеделник, шалтерите во експозитурите и филијалите на банката ќе работат со редовно работно време и ќе ги извршуваат сите активности.
Од петокот се извршуваат трансакциите со картичките на банката во трговија и на банкомати.
Ви благодариме на разбирањето и, воедно, се извинуваме за настанатите непријатности, соопшти Комерцијална банка АД Скопје откако во петокот се појавија одредени технички проблеми во нивниот систем.