Гасоводот е политички проект на руското раководство што му штети на безбедноста во Европа, смета Рајнхард Весер
Санкциите на САД за Северен тек-2 имаат различни аспекти што треба да се оценуваат поинаку. Еден е пристапот на Вашингтон: Германија и ЕУ во принцип мораат да се бранат од вакво мешање во нивните суверени одлуки. Сојузниците не го сторат тоа, напиша Рајнхард Весер во својот коментар за ФАЗ.
Санкциите се уште еден удар за европско-американските односи. Тие ги продлабочуваат пукнатините во трансатлантските односи – во време кога западните сојузници треба да бидат обединети пред светските предизвици.
Во случајот, сепак, САД се во право. Норд тек-2 е политички проект на руското раководство кој е штетен за европската безбедност. Изградбата на гасоводот ги поткопува успешните напори што ЕУ ги направи откако Кремлин покажа во руско-украинскиот спор за гас на крајот на 2005/2006 година дека ги користи своите енергетски ресурси како политичко оружје.
Гасоводот на дното на Балтичкото Море ја слабее позицијата на Украина кон Русија. За Киев не станува збор само за приходите од транзит од гас – се работи и за економската зависност на Русија од овој гасовод како еден вид гаранција за безбедноста на Украина. По состанокот на самитот на почетокот од оваа недела, рускиот претседател Владимир Путин јасно стави до знаење дека нема интерес за политичко решение на конфликтот, прифатливо за Украина.
Од секундарна важност за проценката на рускиот проект е дали со санкции против Северен тек-2, САД сакаат да ги подобрат своите шанси за продажба на американски течен гас во Европа, според голем број набудувачи. Европската комисија и земјите од Источна Европа на ЕУ чии безбедносни интереси беа загрозени од овој проект, со години изразуваа несогласување со истиот.
Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк