„Прво, најавените санкции мора да стапат на сила. Сепак, санкциите имаат негативно влијание и врз нас, и тоа мора да го издржиме“, изјави тој за „Велт ам Зонтаг“, пренесува РИА Новости.
“Ефектот од санкциите ќе биде крајно деструктивен, не само за руската економија, туку, како што рече Зевинг, ќе има „негативно влијание и врз нас“.
„Ако го исклучиме Северен тек 1, тоа не само што би го прекинало снабдувањето со руски гас за Германија, туку наскоро би довело до сериозни проблеми во снабдувањето со енергија и би имало значително зголемување на цените во нашата земја“, рече Зевинг. .
Гасоводот „Северен тек 1“ минува низ Балтичкото Море и ги поврзува Русија и Германија, а преку него редовно се доставува гас во Западна Европа повеќе од 10 години.
Рускиот енергетски гигант „Гаспром“ денеска објави дека ќе продолжи да ја снабдува Европа со гас преку територијата на Украина, во согласност со барањата на европските потрошувачи.
Компанијата објави дека барањата за испорака до денес изнесуваат 106,6 милиони кубни метри, пренесува Ројтерс.
Рускиот гас сочинува околу 40 отсто од увозот на природен гас во ЕУ.
Извор: Велт ам Зонтаг