Британскиот нафтен гигант „Шел“ ќе отпише пет милијарди долари како загуба по одлуката да ја напушти Русија, што е значително повеќе од првичната проценка, соопшти денеска компанијата.
Оштетувањето, по оданочувањето, помеѓу 4 и 5 милијарди долари во првиот квартал нема да влијае на заработката на компанијата, бидејќи порастот на цените на нафтата и гасот ја поттикна активноста на пазарот во првите три месеци, изјавија од Шел пред претстојниот финансиски извештај.
– Шел, чија пазарна капитализација е околу 210 милијарди долари, претходно предвидуваше дека отписот на средствата, поврзан со заминувањето од Русија, ќе достигне околу 3,4 милијарди долари.
Зголемувањето се должи на дополнителните потенцијални влијанија врз постоечките договори, отписите и кредитните загуби во Русија, рече портпаролот Шел.
Акциите на компанијата паднаа