Најголемата банка во Европа, британската HSBC, планира да отпушти 35.000 работници во најголемиот план за реорганизација под водство на Марк Такер, за да се направи заштеда од 7,3 милијарди долари.
Заемодавачот во Лондон ги намалува трошоците за 4,5 милијарди долари на единиците кои имаат лоши резултати во Америка и Европа.
„Делови од нашето работење не даваат прифатливи приноси, затоа работиме на нов план за зголемување на приносите за инвеститорите“, изјави привремениот шеф Ноел Куин.
Банката пријави пад на профитот од 33 проценти во 2019 година, а планираното намалување на работната сила ќе доведе до намалување на бројот на вработени за 15 проценти, односно пад од 235.000 на 200.000 работници.
Наместо тоа, тоа ќе ги потикне инвестициите во Азија, од каде што банката има најголем дел од својот профит, дури и кога постојат ризици поради протестите во Хонг Конг и епидемијата на коронавирусот.
Освежената стратегија е клучна за Такер кога е во прашање трансформација на HSBC.
Банката предупреди дека епидемијата на коронавирусот и економското нарушување во Хонг Конг ќе влијаат на нејзините перформанси во 2020 година.
Акциите на HSBC паднаа дури 3,2 проценти по суспендирањето на откупот на акции за 2020 и 2021 година, кога ќе се случи најголемиот дел од обновата.
Аналитичарите предвидуваат дека HSBC ќе објави прилагодена добивка од 21,8 милијарди долари.