Илјадници луѓе протестираа во Мадрид барајќи подостапни станови во услови на растечко незадоволство кај Шпанците поради високите цени за изнајмување. Под слоганот „Домувањето е право, а не бизнис“, жителите маршираа низ шпанскиот главен град барајќи пониски цени за изнајмување и подобри услови за живот, пишува Индекс.хр.
„Шпанците не можат да живеат во своите градови. Нè принудуваат да ги напуштиме градовите. Владата мора да ги регулира цените, да го регулира пазарот на недвижности“, рече Бланка Прието, 33-годишна медицинска сестра. Во летото, Шпанија најави сузбивање на краткорочните и сезонските изнајмувања. Во јули, шпанската влада најави рестрикција на краткорочните и сезонските изнајмувања. Владата планира да ги истражи рекламите на платформи како Ар-би-ен-би и Букинг за да провери дали имаат лиценци.
Шпанија се обидува да најде начини да ја балансира промоцијата на туризмот, кој е клучен двигател на нејзината економија, со решавање на проблемот со неразумно високите кирии предизвикани од гентрификацијата и префрлањето на сопствениците на имот кон попрофитабилни туристички изнајмувања. Жителите на Канарските Острови и Малага исто така организираа протести оваа година поради зголемената преориентација на сопствениците на имот кон туристичко сместување.