Поради трупање залихи во Шпанија, последните денови има недостаток на одредени прехранбени производи, па полиците со брашно и сончогледово масло се празни во многу супермаркети.
Имено, Шпанија досега увезувала сончогледово масло од Украина, а тој увоз покривал дури 62 отсто од потрошувачката. Сончогледовото масло е производ кој сега тешко може да се најде во продавниците.
„Нарачавме нови количини масло, но нема испораки со денови“, изјавила продавачка од супермаркет во Барселона, пренесуваат шпанските медиуми.
Некои супермаркети ја ограничија продажбата на сончогледово масло на пет литри по лице. Истото важи и за брашното, кое во моментов тешко се наоѓа во продавниците.
Здружението на веледрогерии и супермаркети Аседас пред неколку дена укажа на „невообичаеното однесување на потрошувачите“ во однос на набавката на сончогледово масло и посочи дека е обезбедено снабдување со масло за јадење и други намирници во Шпанија.
Според медиумите, проблеми со снабдувањето би можеле да продолжат до лето, доколку нема испорака од Украина.
Исто така, поради недостиг на испораки на жита и пченка од Украина во Шпанија, може да има недостиг на сточна храна.