Шпанската влада ќе воведе привремен и вонреден данок за најбогатите луѓе во земјата, во висина од 1 отсто од населението, пренесе Франс прес, повикувајќи се на министерката за буџетски прашања Марија Хесус Монтеро.

Со сумата ќе може да се финансира помош за поддршка на средната класа и работниците, кои пропорционално најмногу придонесуваат за финансирањето на јавните услуги, рече таа.

Данокот ќе биде моделиран според оној воведен за најголемите банкарски и енергетски групи во земјата, а ќе стапи на сила следната година за период од две години.