Централната банка на Шпанија нареди повлекување на банкнотите од 50 евра од оптек почнувајќи од овој месец, поради тоа што голем број од нив биле оштетени од мастилото што го испуштаат „анти-кражбените системи“ инсталирани во банкоматите, пренесува порталот 20minutos.
Иако овие банкноти се несомнено најкористени во Шпанија – заедно со банкнотите од 20 евра – тие се исто така и најчесто фалсификувани, а воедно се и најподложни на оштетување од безбедносните механизми.
Станува збор за безбедносен систем против кражби што се вградува во банкоматите и кој испушта специјално мастило врз банкнотите во случај на обид за кражба, со што тие трајно се прават неупотребливи.
Според изјавата на Централната банка, банкнотите од 50 евра повеќе не треба да се користат во ниту една трансакција.
Главната цел на ова повлекување е да се минимизира ризикот од измами и фалсификати пред пристигнувањето на летната туристичка сезона, кога употребата на готовина традиционално се зголемува.
Сепак, најновите податоци покажуваат дека мнозинството граѓани во Шпанија и понатаму го користат готовинското плаќање како свој примарен избор.