Steiermärkische Bank und Sparkassen AG ВРАБОТУВА:

ЧЛЕН НА УПРАВЕН ОДБОР
НА ШПАРКАСЕ БАНКА АД СКОПЈЕ
одговорен во делот за управување со ризици
ЛОКАЦИЈА: Скопје, Република Северна Македонија

Членот на Управен одбор е одговорен за овозможување ефикасно и ефективно управување со ризикот во различни сегменти на банкарството поврзани со стратешки, пазарни, оперативни, финансиски, правни и ризици за усогласеност. Оваа функција треба да ги балансира ризикот и приливите во банката со цел да се обезбеди раст при внимателно водење на деловното работење во согласност со локалните и општите регулаторни барања.

Главни одговорности:

  • Целосна одговорност на ниво на правното лице (Банката) за стратегиско управување со ризик (вклучувајќи методи и модели на ризик, управување со ризик на ниво на претпријатија, оперативен ризик и физичка безбедност), управување со кредитен ризик (вклучувајќи го делот на обезбедување за корпоративни клиенти и население, управување со колатерал) и банкарски операции
  • Одговорност за креирање и спроведување на стратегијата за ризик за локалната банка која произлегува од Групната стратегија за ризик и изјава за отвореност за превземање на ризик со цел постигнување на избалансирано кредитно портфолио
  • Градење на организација и системи кои обезбедуваат ефективно извршување и следење на добиените позиции
  • Оддржување на силно опкружување за внатрешна контрола и обезбедување на целосна усогласеност со сите барања на Групацијата и барањата за управување
  • Развивање, управување и усовршување на квалитативното и квантитативното известување за ризик што ги задоволува потребите на внатрешните и надворешните засегнати страни
  • Идентификување, анализа и ублажување на внатрешни и надворешни настани кои би можеле да го загрозат одржливото и внимателно банкарско работење на локалната банка; осигурување дека Банката е усогласена со регулативите и набљудување на факторите кои би можеле негативно да влијаат врз бизнисот или инвестициите на банката
  • Ефективна соработка со трети страни, регулаторни тела и други, со цел постојано подобрување на стандардите за управување со ризик и усогласеност како и на оперативниот модел на банката
  • Привлекување и дополнително развивање на висококвалификувани професионалци: „Најкомпетентните луѓе на најважните позиции“. Одговорен за клучниот персонал и развојот на клучните играчи
  • На колаборативен начин континуирано и конзинстентно придонесува за трансформација на Банката во модерен и ефикасен давател на финансиски услуги конкурентен во дигиталната ера.

Кои квалификации се потребни:

  • Универзитетска диплома и докажано искуство од најмалку 10 години на позиција поврзана со ризици во банкарска групација регулирана од Европската Централна банка
  • Искуство во управувањето со финансискиот ризик и познавање на регулаторните директиви според кои банката треба да работи; солидни технички вештини
  • Стратешки деловен партнер: способен партнер за Генералниот директор и Управниот одбор и способен да придонесува и да ги унапредува иницијативите во согласност со целокупната стратешка визија и цел на организацијата за долгорочно создавање вредност. Силна комерцијална ориентација и докажана способност за партнерство со линиските менаџери и оперативни тимови
  • Предизвикувачки капацитет кој ќе се осигура дека сеопфатната слика за позицијата е земена во предвид во процесите на донесување одлуки
  • Способност и подготвеност да се покаже и да се изведе независност во размислувањето за да се избегне пристрасноста на „групното размислување“ во процесите на донесување одлуки
  • Ефективен комуникатор – вербално и писмено со колегите и надворешните договорни страни. Способност за справување со различни високи засегнати страни, разбирање на нивните позиции и поседување на капацитет, доверба и кредибилитет да влијае како што е потребно
  • Искусно деловно расудување, раст на ниво на Oдбор, супериорни вештини за управување со конфликти, страст за зголемување на вредноста на акционерите и подобрување на процесите низ организацијата. Исклучителен лидер со силен карактер, личен интегритет и мотиватор на луѓе и тимови. Поседување на чувство на удобност во меѓународна средина
  • Цврст и директен карактер во комбинација со способоност за дипломатија и прифаќање на различни гледишта. Можност за оддржување на сопствениот став на конструктивен начин, со истовремена посветеност за поддржување на тимската одлука
  • Добро развиена личност, со висока енергија и самомотивираност. Тимски играч – флексибилен во размислувањето и прилагодлив на промени. Извонредни интерперсонални вештини
  • Способност за водење и мотивирање на тимот за ризик, способност за влијание врз останатите колеги на сите нивоа во организацијата и прикажување на чувство за насока и посветеност кон тимот за ризик
  • Ригорозна контролна етика и вреднување на пошироките одговорности на улогата кон регулаторите, клиентите, инвеститорите и пазарот
  • Познавање на најдобрите глобални практики поврзано со меѓународните случувања во областa на ризиците. Способност за поставување на трендови во својата област
  • Силен комерцијален став со длабок интерес за перформансите на бизнисот и комерцијалната приказна зад бројките
  • Трудољубивост и истрајност; способност да се надминат пречките за постигнување на деловната цел
  • Исполнување на сите локални и групни барања како што се „фит и соодветно“ за членство во Управниот одбор

Нашата понуда:

  • Предизвикувачко работно опкружување во динамичен тим
  • Висок степен на одговорност и можност за обликување на иднината на Банката
  • Личен и професионален развој
  • Пакет за компензација што одговара на сениоритетот на позицијата

Љубопитни?

Со нетрпение ја очекуваме вашата апликација.

Ве молиме испратете ја вашата апликација (CV и мотивационо писмо) на англиски јазик до Андреа Баер на: [email protected]

Краен рок: 20 октомври 2023 година