Во саботата, на 6 јули, во организација на „СтудентаријаМК“, се одржа првото издание на Саем на универзитети „УниКомпас“, каде што идните студенти и нивните родители ги истражуваа образовните можности. Генерален покровител на настанот беше Шпаркасе Банка АД Скопје.

Шпаркасе Банка со задоволство го поддржа настанот што претставува едно трансформативно искуство за идните студенти, обезбедувајќи им платформа за комуницирање директно со претставниците на факултетите и на образовните институции.

На саемот Шпаркасе Банка се запозна со идните студенти, со нивните потреби и барања, и ги претстави своите најважни вложувања во областите на спортот, уметноста и културата, образованието, музиката, зелената иднина и целата заедница. Банката ја истакна поддршката на младите преку многубројните актуелни активности, академиите „Млад банкар“ и „Vibe On летната академија“, големата наградна игра „Ich liebe dich, Berlin!“ и „AmsterDAMN!“, наменета за сите корисници на пакетот за млади Vibe On, многубројни добротворни настани и уметнички конкурси, спортски настани, проекти за финансиско здравје и едукација како севкупна поддршка што им ја нуди на младите.

„Како Банка што верува во иднината и верува во младите, посветени сме да ги обезбедиме најдобрите банкарски решенија за младите, со цел да им подадеме рака кон градење сигурна финансиска иднина. Веруваме во потенцијалот на младите генерации и токму за нив ја создадовме Платформата за млади Vibe On, која освен што вклучува бесплатни банкарски производи и низа поволности дизајнирани да ги пресретнат нивните потреби, во себе вклучува и проекти за финансиска едукација и поддршка во различни области што се дел од нивното секојдневие. Токму поддршката на Саемот на универзитети е дел од сите заложби на Шпаркасе Банка за млади, кои засилено ќе продолжат и во следниот период“, изјави Ивана Петревска, директор на дирекцијата за маркетинг и комуникации во Шпаркасе Банка.

Шпаркасе Банка верува во моќта на младите да обликуваат посветла иднина. Затоа, во рамките на Платформата за млади Vibe On, најавува низа иницијативи и активности, кои ќе опфатат понуда на сет банкарски производи наменети за млади, проект за финансиска едукација и унапредување на финансиското здравје на младите, поддршка на проекти од областа на спортот и стимулирање на здравиот начин на живот, поддршка за патување, доедукација, па сè до поддршка за стекнување сопствен дом.

Инаку, дел од Шпаркасе заедницата се 30.000 редовни студенти од сите државни и приватни универзитети, кои минатата година добија кобрендирана Visa картичка за студентски оброци и портокалова Visa картичка што е дел од бесплатниот пакет за млади Vibe On.

ВерувајВоИднината