Во духот на солидарноста и обединувањето, Шпаркасе Банка Македонија и Шпаркасе Лизинг донираат 6 милиони денари за помош на повредените, нивните семејства, како и за поддршка на институциите и заедницата во Кочани и околината.

Донацијата ќе биде распределена за директна поддршка на засегнатите граѓани, институциите што се вклучени во справувањето со последиците, како и преку наменската сметка на Црвениот крст на Република Северна Македонија.

„Ги повикуваме сите компании, во рамките на своите можности, да се придружат на иницијативата за донација. Само заедно можеме да помогнеме во закрепнувањето на настраданите и да покажеме дека хуманоста е најсилната врска меѓу нас,“ велат од Шпаркасе Банка.

Оваа иницијатива е потсетник дека во тешки моменти, заедништвото и солидарноста се најголемата сила на едно општество.