Шпаркасе Банка Македонија и оваа година како активен поддржувач на младите претприемачи во областа на социјалното претприемништво, а во соработка со Млади Инфо, го отворија новиот повик за учество во програмата Social Impact Award 2018.
Младите луѓе во Македонија на возраст од 14 до 30 години ќе имаат можност да аплицираат со свои идеи за социјален бизнис, и да освојат парични средства, инкубација, менторство, вмрежување и учество на меѓународниот самит на програмата.
Ова го овозможува Наградата за социјално претприемништво (Social Impact Award), која е веќе присутна во 20 земји од Европа и светот. Во Македонија се одржува по четврти пат, поддржана од Шпаркасе Банка Македонија како еден од позначајните институционални покровители.
Станува збор за натпревар и едукативна програма за поддршка на претприемачки идеи меѓу студентите, кои имаат потенцијал да се развијат и да се имплементираат како иновативни решенија за глобалните проблеми.
„Младите во престојните 3 месеци, ќе можат да дојдат на некоја од нашите бесплатни работилници, да добијат знаења и вештини и да ги аплицираат своите идеи за социјален бизнис преку платформата на наградата – http://socialimpactaward.mk. Доколку влезат во десетте финалисти во текот на летото нашите идни социјални претприемачи работат со експерти/ ментори за доразвивање на идејата. Понатаму, во септември стручното жири ќе одбере три победници, кои ќе добијат по 2000 евра од Шпаркасе банка. Четвртата награда, наградата изгласана од он –лајн заедницата ќе добие дополнителна менторска поддршка. Сите четири тима на почетокот на ноември ќе одат на меѓународиот самит на млади социјални претприемачи во Грузија, изјави Марија Матовска – Националната координаторка на програмата.
„Шпаркасе Банка во рамките на стратегијата за општествена одговорност под платформата „Sparkasse Life”, активно ги поддржува проектите кои се насочени кон едукација, менторска поддршка и финансиско советување на младите и талентирани студенти, развој на нивните капацитети за водење на сопствен бизнис, што во иднина уште повеќе ќе се прошири и во рамките на една посебна финансиска програма наменета токму за оваа значајна целна група.
Како дел од Ерсте и Шпаркасе Групацијата даваме поддршка за реализација на проектите кои имаат социјална компонента, ги поддржуваме младите иноватори, идните претприемачи кои имаат визија за реализација на нивните проекти, како и придонесуваме за поголема вклученост и инклузија на социјално ранливите категории. Се надевам дека и во иднина ќе бидеме сведоци на одлични проекти, а ние како банка и понатаму ќе ја даваме нашата поддршка“ – изјави Викторија Јовановска, Директор на секторот за физички лица – Шпаркасе Банка.
Шпаркасе Банка Македонија четврта година по ред ја дава својата поддршка на Social Impact Award, како еден од покровителите на настанот, но истовремено со силно верување дека овие идеи ќе направат видлива промена и желба истите да претставуваат значаен придонес кон подобро и поквалитетно општество.