ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА АД СКОПЈЕ, дел од групацијата Steiermärkische Bank und Sparkassen AG од Австрија, како комерцијална банка на македонскиот финансиски пазар, ги нуди сите современи и високо квалитетни финансиски производи и дава поддршка на физичките и правни лица, со особено внимание кон малите и средни трговски друштва.
Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје за своите потреби огласува слободни работни позиции: СТРУЧЕН СОРАБОТНИК ЗА ПЛАНИРАЊЕ И ИЗВЕСТУВАЊЕ, ДИРЕКЦИЈА ЗА КОНТРОЛИНГ, СЕКТОР ЗА ФИНАНСИИ (1 позициja, неопределено време, со вклучена пробна работа од 6 месеци)
Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
- VII/1 степен, ВСС, Економски факултет – Насока (смер),
Финансии сметководство, ревизија; - Претходно 3 годишно работно искуство во банкарска институција
или друга финансиска организација; - Стручни познавања – Финансии, сметководство, ИФРС
стандарди, финансиски извештаи; - Напредно познавање на работа со компјутер (MS Office, со
акцент на ексел), - Активно познавање на англискиот јазик или германски јазик;
- Организациски способности, комуникациски вештини, лојалност,
тимска работа, одговорност, способност за презентација на
статистички податоци, аналитичност и креативност;
Опис на работното место/одговорности:
- Подготовка на краткорочни, среднорочни и долгорочни планови;
- Координирање на процесот и изготвување на месечно/квартално
предвидување; - Учествува во изработка на детални планови за деловните линии во
согласност со стратешките определби; - Анализа на резултатите добиени во процесот на планирање во
смисла на нивна конзистентност и поврзаност; - Подготовка на Месечен извештај (Reporting Package) за Групацијата;
- Се грижи за навременост и квалитет на податоците потребни за
изготвување на извештаите; - Мониторинг на остварувањето на планот преку месечна анализа на
постигнатите резултати и подготовка на образложенија за
постигнатите резултати во споредба со планот и предвидувањето; - Помага во подготовка на материјали за потребите на седниците на
Управниот и Надзорниот Одбор; - Остварува комуникација со деловните линии во функција на
прилагодување или измена на извештајните форми во согласност со
потребите; - Учествува во изработката на нови софтверски решенија за потребите
на Дирекцијата; - Учествува во подготовката на извештаи за потребите на ревизија и Централната банка;
Работно време: дневно од 08:00 до 16:00 часот, 40 часа неделно, од понеделник до петок, работа во една смена – претпладне.
Почетна основна месечна нето плата: 33.000,00 денари.
Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена во зависност од бројот на пристигнати апликации.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горе наведените услови потребно е да испратат резиме (CV) и придружно писмо со наведување на работното место и доказ (уверенија, дипломи, препораки) за исполнување на условите, по пошта или да ги достават лично документите на адреса: ул.Македонија 9-11, Скопје, најдоцна до 23.04.2018
година.
Само апликациите кои ги исполнуваат потребните квалификации и услови поткрепени со докази ќе бидат повикани на тестирање и интервју.
Пристигнатите апликации после наведениот рок, апликации пристигнати по e-mail, како и некомплетните апликации нема да бидат предмет на разгледување.