Како дел од долгорочната стратегија за корпоративна општествена одговорност, Шпаркасе Банка Македонија преку платформата Sparkasse Life реализираше уште една донација како поддршка на проекти од областа на здравството. Донацијата има за цел подобрување на здравствените услуги преку логистичка поддршка која ќе им овозможи уште поефективно вршење на секојдневните обврски.
Претставници на Шпаркасе Банка вчера ја посетија ЈЗУ „Завод за нефрологија“ Струга, со што воедно и ја реализираа донацијата на возилото Citroen C4 која од денес им е достапна за извршување на секојдневните потреби на Заводот.
„Заводот за нефрологија – Струга е јавна здравствена установа чија основна дејност е превенција, лекување и рехабилитација на бубрежни болни од Република Македонија и регионот. Возниот парк на Заводот е во многу лоша состојба. Возилата со коишто располагаме се скоро целосно амортизирани. Заводот, покрај обидите за набавка на возила од средствата со коишто располага, а коишто секогаш недостасуваат, се обрати на повеќе адреси со барање за донација на возило. Прва, во пресрет на ваквото барање ни излезе Шпаркасе Банка Македонија, која преку нејзината платформа Sparkasse Life, денес ни донираше возило Citroen C4. Оваа донација, многу ќе го подигне квалитетот на здравствената заштита којашто ја пружаме на пациентите. Заводот, на Шпаркасе Банка Македонија и искажува голема благодарност за донацијата, со надеж дека и во иднина, ваквата соработка успешно ќе продолжи.“ – изјави директорот на Заводот за нефрологија, д-р Александар Попоски
Со реализација на проекти од Шпаркасе Банка повторно ја покажува својата посветеност и допринос кон подобрување на условите во здравствените институции, како и постојаната грижа за заедницата. Овој, како и сите проекти кои се дел од Sparkasse Life платформата имаат и една повисока цел – да бидат инспирација и поттик за активно вклучување во подобрувањето на условите за живот на сите во општеството.