Поддршката на сликарството и мотивирање на младите сликари во државата да продолжат да творат, продолжува да е еден од главните столбови на корпоративната стратегија на Шпаркасе Банка АД Скопје.
Во склоп на „Шп-Арт-Клубот“ на Шпаркасе Банка, 10 одбрани талентирани финалисти на Конкурсот за млади сликари 2023, со поддршка од банката создаваа оригинална уметност во природните убавини во Општина Вевчани, за време на 12. Меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања“ во 2023 година.
Откриената Шп-Арт-Уметност, годинава ја доби својата завршница во форма на хуманитарна аукција на уметнички дела на овие 10 млади сликари, којашто на 29.02.2024 година во Скопје се реализираше во присуство на влијателни личности од општеството и соработници на банката.
Аукцијата, во организација на Шпаркасе Банка АД Скопје, беше реализирана под капата на платформата за оддржливост на банката, препознатлива како „Sparkasse Life“.
Овозможувањето на младите сликари во државата да креираат без никакви бариери е појдовната точка и причина за реализација на овој настан, а воедно и на конкурсот преку којшто беа и одбрани 10те финалисти за да творат за време на минатогодишното издание на колонијата, којашто банката постојано ја поддржува низ годините.
Надавањето на сликарските оригинални дела, привлече голем интерес од страна на присутните на аукцијата. На настанот беа собрани вкупно 421.582,00 денари, а износот целосно ќе биде дониран во хумантирани цели на ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ – Скопје, за набавка на професионална опрема, од страна на Шпаркасе Банка АД Скопје.
„Младите се срцето на идниот развој во една држава, а главната премиса на Шпаркасе Банка е токму тоа, – „Верувај во иднината“. Согласно корпоративната платформа за одржливи цели на банката, ние сме и повеќе од инспирирани од оригиналноста и креативноста на младите сликари, кои нѐ потсетуваат за важноста за укажување на поддршка, бидејќи токму тоа е она, кое им е потребно со цел да креираат без ограничувања. За Шпаркасе Банка тој вид на поддршка е можеби една од најомилените инвестиции, што банката може да ги направи. Сепак, инвестирањето во младите го отвора патот кон иднината. Навистина сум воодушевен од разновидноста на тематиката на сликарските дела. А воедно и од собраните финансиски и донирани средства од аукцијата, коишто целосно ќе бидат донирани за младите таленти од Државното средно училиште за ликовна уметност и дизајн „Лазар Личеноски“ од Скопје да можат продолжат да творат слободно без никакви бариери,“ изјави Санел Кустурица, Претседател на Управниот Одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје.
Елена Попоска, Никола Станковски, Андреј Антевски, Арта Лимани, Тамара Трајковска, Благица Трајкоска, Елена Петковска, Евгенија Кузманоска, Никола Тренов и Ристе Мицевски,се 10те млади сликари, кои со своите дела влеваат голема надеж за иднината на македонското сликарство и оставање на оригинален печат во историјата на истата.
На самата аукција беа одбрани и најдобри тројца односно четворица сликари од 10те, со здобиена највисока вредност на аукцијата, согласно кое им беше доделена дополнителна поддршка од Шпаркасе Банка АД Скопје, во форма на откуп на по три други нивни дела, во вредност од 1.200 евра за првиот (Никола Тренов), 1.000 евра за вториот (Елена Попоска), а по 800 евра им беа доделени на двајца од сликарите, кои со ист износ го делат третото место (Благица Трајкоска и Тамара Трајковска).
А преостанатите шест сликари, кои не се рангираа со највисоки износи на своите дела за време на аукцијата, Шпаркасе Банка ги изненади и тоа со поддршка во износ од по 400 евра, во форма на откуп на по едно нивно дело.
Шпаркасе Банка АД Скопје, преку платформата „Sparkasse Life“ поддржува разни проекти во општеството во повеќе области, како музиката, уметноста, спортот, заштитата на животната средина, културата, младите, промовирање на здрав живот и здрави навики, образованието, здравството, хуманитарни активности и поддршка на ранливи групи, а секако и инвестирање во своите вработени.