Во согласност со член 158 од Законот за хартии од вредност, Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, како Акционерско друштво со посебни обврски за известување, го доставува следново тековно соопштение:

На ден 15.01.2021 година од страна на Надзорните одбори на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје и Охридска банка АД Скопје склучена е Спогодба за присоединување во согласност со Законот за трговски друштва.

Спогодбата, прилозите и другите релевантни информации ќе бидат достапни за увид на акционерите согласно роковите предвидени со закон.