Кредит од 3 милиони евра за Шпаркасе лизинг за поддршка на зеленото финансирање на локалните МСП.
- ЕБОР одобри 3 милиони евра кредит за Шпаркасе Лизинг Доо Скопје
- Ова е најнов кредит од ГФФ Програмата за зелено финансирање во Северна Македонија
- Поддршка од Развојната Програма на Обединетите Нации (UNDP), Заедничкиот фонд за одржливи и развојни цели на Обединетите Нации (UN SDG FUND) и Владата на Северна Македонија
Шпаркасе Лизинг Доо Скопје и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) го подобрува пристапот до зелени технологии за малите и средни претпријатија (МСП) во Северна Македонија преку обезбедување на нови средства за локалната лизинг компанија Шпаркасе Лизинг.
Шпаркасе Лизинг, повеќегодишен клиент на ЕБОР ќе го користи кредитот од ЕУР 3 милиони, одобрен од ЕБОР, за поддршка на инвестиции во МСП во обновлива енергија и енергетска ефикасност.
Шпаркасе Лизинг, е првата лизинг компанија која се приклучува на Програмата за зелено финансирање (Green Finance Facility -GFF). Таа е првата лизинг компанија во Северна Македонија која нуди поддршка за изнајмување на фотоволтаични системи и опрема за производство на енергија од обновливи извори и веќе придонесува во развој на зелени проекти во земјата.
⦁ Директорот на Шпаркасе Лизинг г-дин Марјан Манчев и директорот на ЕБРД г-дин Фатих Туркменоглу го потпишаа договрот ЕУР 3 милиони кредит за Шпаркасе Лизинг за развој на мали и средни претпријатија со поврат на средства за успешно завршена инвестиција до 10%.
Прифатливите проекти вклучуваат финансирање на технологии за производство на енергија од обновливи извори, пред се фотоволтаици, како и проекти кои ги намалуваат емисиите на штетни гасови и го подобруваат работењето на компаниите односно лизинг на товарни возила, градежни машини, машини за производство и останати проекти кои ги исполнуваат најновите еколошки стандарди.
Програмата за зелено финансирање ГФФ веќе започна да привлекува пазарен интерес, бидејќи ова е трет кредит под програмата, кој е лансиран во земјата пред само неколку месеци. Кредитот ќе биде поддржан со фондови за техничка соработка и грантови од Заедничкиот фонд за одржли-ви и развојни цели (UN SDG Fund), и Владата на Северна Македонија, управувани преку Развојната Програма на Обединетите Нации (UNDP).
Пакетот техничка соработка, вклучува споделување на знаења и компоненти на подигнување на свеста за позитивните аспекти од користење на обновливите извори на енергија и технологиите на енергетска ефикасност кај МСП, со цел да се поддржи зелената и инклузивната економска транзиција на приватниот сектор во Северна Македонија. Локалните бизниси ќе добијат финансиска поддршка во форма на грантови, за да се стимулираат инвестициите кои ќе ја подобрат транзицијата кон зелена економија.
ПР