Шпедициите го блокирале софтверот на царината поради масовна употреба на порталот за мали трговци. Вака од царинската управа ги објаснуваат константните проблеми со кои дел од шпедоторските куќи се соочуваат во изминатиот период . Откако новиот софтвер е ставен во употреба поплаките се речиси секојдневни.
Првиот човек на Царинската управа Танасоски, тврди дека сега новиот систем е стабилен и функционира. Обајснува дека главно со проблеми се соочуваат и оние кои не ги поминале шест месечните обуки пред тој да биде пуштен во употреба.
Дел од шпедициите се пожалија дека и денеска имале проблеми со системот, поради што повторно имаат застој во работата. Велат дека од утринава програмот неколка часа работи, а неколку е надвор од функција.
Од царината велат дека новиот систем ќе ја олесни работата, а ќе помогне и во искоренувањето на корпуцијата. Се користи во многу земји од Е.У Од први јуни кога е пуштен во употреба до сега примени се 150 илјади декаларции, а обработени околу 60 илјади.