Отворениот орочен депозит „Силк Премиум” на Силк Роуд Банка ги комбинира предностите од орочување на слободните парични средства на клиентите и поволностите и привилегиите од престижната American Express Gold кредитна картичка.„Силк Премиум” е најдобар производ за депозити на пазарот во Македонија и нуди можност за единствена можност за дополнително депонирање на вашите средства во денари или евра за период од 13, односно 25 месеци, со каматна стапка и до 2,8%.
Минималниот износ за депонирање на средства е 300.000,00 денари и без ограничување на максималниот износ.
Покрај тоа, клиентите кои го користат „Силк Премиум” депозитот и истовремено ја примаат својата плата во Банката имаат можност за добивање на единствената American Express Gold кредитна картичка, со пред-одобрен износ во зависност од орочениот износ.
American Express Gold кредитната картичка претставува флексибилно финансиско средство прифатено во милиони продавници, хотели, ресторани и банкомати ширум светот, со бескаматен грејс-период до 50 дена, овозможувајќи целосна контрола врз финансиските средства. Kредитната картичка нуди можност за безгрижно и безбедно патување, купување во странство, дома или преку интернет. Покрај тоа, корисниците на картичката се осигурани од следните ризици при патување: итна медицинска помош, eвакуација и трошоци за враќање, медицинска и патна поддршка, телефонски трошоци, патна придружба, губење багаж, доцнење на лет и доцнење на багаж.
Исто така, сите корисници на кредитната картичка имаат пристап и до „Твој бонус” програмата на Силк Роуд Банка со единствена можност за поврат на средства и до 15% при плаќање кај одредени трговци вклучени во програмата.