Штипското комунално претпријатие „Исар“ во првите шест месеци од годинава има остварено добивка од 968.000 денари информираше Јасминка Петешева, вработена во ЈП „Исар“.
Таа истакна дека по финансиското стабилизирање, во овој период имаат инвестирано и во речиси сите работни единици. Набавени се 2.000 пластични канти за отпад за домаќинствата и околу сто контејнери.
– Ова е период кога ЈП „Исар“ инвестираше и во набавка на нова машина за копање, ровокопач, утоварач. Оваа опрема која ЈП „Исар“ ја набави е од суштинско значење за понатамошното работење на претпријатието, имајќи ја во предвид староста на опремата со која располага, вели Петешева.
Распишан е и тендер за набавка на машина за метење на улиците, а според овој финансиски извештај најпрофитабилна работна единица и понатаму останува „Водовод и канализација“. Инаку Извештајот за финансиското работење на ЈП „Исар“ се разгледува на Комисиите во Советот на Општина Штип, по што советниците на наредната седница на Советот треба да се изјаснат дали се за или против извештајот.