Ако имате куп сметки за кредитни картички, веројатно се чувствувате преоптоварени. Тоа дури може да изгледа невозможно да се исплати целиот тој долг. Ако е така, не сте сами. Всушност, тоа ” од каде да почнам?” чувството е толку вообичаено, што финансиските експерти излегоа со начин да помогнат, познат како “метод на кредитни снежни топки“.

Со методот на кредитни снежни топки, најпрво го исплаќате најнискиот износ на кредитна картичка, потоа преминете кон износот што е нареден по големина и го исплаќате и него. Како што ја исплаќате секоја сметка, можете да ја исечете картичката или да ја откажете сметката, постепено намалувајќи го долгот.

Тоа ви дава простор за „дишење“ што ви треба за да заштедите или да инвестирате дел од вашиот приход секој месец. Но, постојат алтернативи на методот на кредитни снежни топки кој може да функционира подобро за вас.

 

Дали методот на кредитни снежни топки е вистинскиот избор?

Методот на кредитни снежни топки е специјално дизајниран за револвинг кредитните линии, како што се кредитни картички. Бидејќи просечниот долг во Македонија по кредитни картички е 57.000 денари по домаќинство, шансите се дека имате обврски по барем една картичка. Гледајќи ги износите што ги плаќате по минимални салда секој месец, тие екстра пари би можеле да Ви помогнат за одмори и да заштедите за пензионирање.

Овој метод најдобро функционира за оние кои едноставно сакаат постепен и безболен излез од планината на кредитни сметки. Но, има повеќе од еден пристап, што значи дека имате слобода да го одберете оној кој најдобро функционира со вашата личност. Кредитните снежни топки ќе функционираат само ако се чувствувате мотивирани и надополнети со секоја исплата на кредитна картичка која ќе се затвори.

 

Критики на кредитните снежни топки

Една од најголемите критики за кредитните снежни топки е тоа што најпрво го плаќате најнискиот износ. Ако имате обврска од 1.500 денари на вашата картичка, на пример, дури и ако каматната стапка е повисока, таа месечна исплата веројатно не ви „брка работа“ доколку имате друга обврска од 5.000 денари.

Друга критика на методот на кредитни снежни топки е придружниот совет да ги откажете картичките додека ги плаќате. Во зависност од тоа како ќе се справите, тие откажувања може да ја повредат вашата финансиска кондиција. Многу експерти препорачуваат да се задржи кредитна линија отворена и да не се користи. Меѓутоа, ако имате достапна картичка ќе се покаже преголемо искушение, најверојатно ќе биде подобро да ја откажете.

 

Кредитни снежни топки против Кредитна лавина

Постојат неограничени алтернативи на методот на кредитни снежни топки, главно поради тоа што можете само да одберете која било сметка што прво сакате да ја платите. Еден популарен пристап е кредитната лавина, која ви ја исплаќа кредитната картичка со највисока каматна стапка. Можете исто така да ја платите картичката со највисока долг или оние што ги користите најмалку.

Поентата е дека правите напредок. Ако одлучите да ја исплатите највисоката билансна картичка прво и да почнете да се чувствувате обесхрабрени, префрлете се на пониска билансна картичка, наместо да се откажете целосно. Методот на кредитни снежни топки најдобро функционира за оние кои можат да имаат корист од тоа да гледаат напредок на краток рок додека чекаат долгорочни исплати.

Кој метод ќе го користите за да го исплатите долгот, осигурете се дека имате план. Тоа може да помогне да имате барем неколку илјади денари во фонд за итни случаи пред да започнете, така што ќе ги користите тие пари за итни трошоци како што се поправка на автомобили или слично, наместо да продолжите да додавате долг.