Здравственото осигување го имаат сите граѓани, независно дали се вработени или не тие се осигурани. Здравственото осигурување ги покрива трошоците за медицинска нега. Регуларното здравствено осигурување ви ги покрива трошоците кои ги имате во државните институции. Додека со приватното здравствено осигурување вие можете да изберете во која установа сакате да направите преглед, зафат или нешто ако ви е потребно.

Привилегии кои ги нуди приватното здравствено осигурување се многубројни, ние би издвоиле пократко време на чекање, подобра здравствена опрема и побрза дијагноза.

Една од најважните придобивки е тоа што може да ви понуди пристап до специјализирани лекови и лекувања кои можеби не ги покрива Фондот за здравствено осигурување. Накратко целта е да се обезбеди удобност и сигурност.

 

Приватното здравствено осигурување е наменето за сите кои сакаат комплетна здравствена заштита и највисоко квалитетни здравствени услуги за своите пари.

Не преставува никаков проблем доколку сте дел од државниот Фонд за здравство т.е доколку сте здравствено осигурани, можете слободно да ги користите и приватните болници и ординации, меѓутоа да го одбегнете трошокот најдобро е да извадите приватно здравствено осигурување кое ќе ги покрие вашите трошоци.

Пред секое склучување на полиса, не заборавајте убаво да се распрашате кај конкурентите и да ја одберете онаа која највеќе ви одговара.

 

Извор: bits of insurance