Не се очекува земјава да има посериозни проблеми по одлуката на Путин гасот од Русија да се купува во рубљи. Проценките на домашните аналитичари се дека целта на ваквиот потег на Москва е да се зголеми побарувачката за руската валута на девизниот пазар и со тоа колку може да се ублажи ударот кој го доживеа рубљата со разгорувањето на конфликтот со Украина.
Ивановски не очекува, евентуалното зголемување на побарувачката на рубљи, да ја намали доминантната улога која доларот и еврото ја имаат на глобалниот пазар.
Рускиот претседател Путин, вчера соопшти дека европските земји во иднина ќе мора да го плаќаат гасот во рубљи. Купувањето со евра или долари нема да биде возможно. Со оваа одлука се опфаќаат всушност сите земји кои се на листата на непријатели. Од Западен Балкан пак на оваа листа се Македонија, Црна Гора и Албанија.
Путин им остави простор на инситуциите од една недела за да ја спроведат оваа одлука. Овој потег на Москва доаѓа како одговор на санкциите кои ги воведе Западот.