Македонија ја заврши ланската година со годишна инфлација од 9,4 отсто.
Трошоците на живот лани во споредба со 2022 година биле зголемени за 9,4 проценти, а цените на мало за 7 проценти, објави Државниот завод за статистика (ДЗС). Најмногу поскапеле храната, угостителските услуги, мебелот, покуќнината. Забележан е зголемен трошок кај воздухопловниот транспорт, туристичките аранжмани, облеката, фармацевтските производи. За декември 2023 година, споредено со декември 2022 година, инфлацијата е 3,6 отсто. Најмногу поскапеле прехранбените производи, зеленчукот, кондиторските производи.