Веќе подолг временски период акциите на АрцелорМиттал забележуваат пад на Македонската Берза, со кулминација вчера 26/09/2018 кога беше забележан пад на акциите од неверојатни 45,95 % кои сами по себе се фантастични и намалување на вредноста на акцијата на овој индустриски гигант на неверојатни 20 денари по акција.
Во услови кога металите растат на светските берзи, коњуктурата е поволна на овие пазари, овој гигант бележи големи падови во цената на акциите.
Се покренуваат неколку прашања :
Дали овие падови соодветствуваат со финансиските резултати на компанијата?
Дали овие падови се реално поврзани со обезвреднувањето на компанијата? Во ваков обем тоа е просто неверојатно, така да шпекулативниот елемент стапува на сцена тука.
Дали работењето на овој гигант е засегнато од бранот царини кои ги наметнува САД особено за производите од металургијата насекаде низ светот, не може точно да се утврди?
Она што може да се утврди е неверојатната ниска цена на акцијата и големиот евидентиран пад на истата.