Работниците во логистичките центри на Амазон во Германија и Шпанија штрајкуваа, напуштајќи ги работните места за време на ,,црниот петок”. Од Амазон во Германија соопштија дека околу 620 работници учествувале во протестите во нивните објекти во Бед Херсфелд и Рајнберг, но дека повеќето работници останале на своите работни места, со што немало никакво влијание врз нарачките на купувачите.
Работниците во логистичките центри од Amazon во Германија и Шпанија штрајкуваа, напуштајќи ги работните места за време на ,,црниот петок”. Од Амазон во Германија соопштија дека околу 620 работници учествувале во протестите во нивните објекти во Бед Херсфелд и Рајнберг, но дека повеќето работници останале на своите работни места, со што немало никакво влијание врз нарачките на купувачите.
Германскиот синдикат Verdi во секторот услуги ги повика работниците на Амазон да штрајкуваат 24 часа барајќи подобри плати и договори за работа со кои се гарантираат добри работни услови.
Амазон Германија соопшти дека на вработените во компанијата им нуди конкурентски плати и бенефиции уште од првиот ден на вработувањето. Вработените во Амазон во Германија заработуваат почетна плата од 10,78 евра на час, а по две години во просек земаат месечна плата од 2,4 илјади евра.
И работниците во најголемото складиште на Амазон во Шпанија ги напуштија работните места, а штрајкот ќе продолжи и понатаму. Синдикатите соопштија дека во штрајкот учествуваат меѓу 85 и 90 отсто од вработените.