Осмата серија на швајцарски франци беше пуштена во оптек од 1995 до 1998 година
Националната банка на Швајцарија објави дека ќе ја повлече осмата серија банкноти на швајцарски франци од оптек во првата половина на 2021 година, објавувајќи го точниот датум на повлекување два месеци порано.
Осмата серија на швајцарски франк беше пуштена во оптек од 1995 до 1998 година.
Се препорачува банкнотите од осмата серија швајцарски франци да се депонираат во банките во странска валута, да се продаваат за денари, да се конвертираат во друга валута или да се заменат за оптички банкноти (деветтата серија швајцарски франци пуштена во оптек од 2016 до 2019 година).
Замена на банкнотите што престануваат да бидат законско средство за плаќање ќе биде можна без временски ограничување на шалтерите на Националната банка на Швајцарија во Берн и Цирих или со испраќање по пошта до таа банка.
Причината за повлекување од оптек на осмата серија на банкноти од швајцарски франци е подобрувањето на безбедносните елементи што беа применети во деветтата серија, што ги прави банкнотите поефикасно заштитени од фалсификување.