Бруто домашниот производ на Швајцарија се намали за 2,9 проценти во 2020 година, пренесува БТА.
Ова е најголем пад во земјата во последните 45 години, според првичните податоци на Државниот секретаријат за економија.
Според достапните прелиминарни резултати, реалниот БДП падна за 2,9 проценти во 2020 година, многу повеќе од резултатот од финансиската криза во 2009 година (пад од 2,1 процент), се вели во соопштението објавено на веб-страницата на владата.
Секторот за услуги беше сериозно погоден од пандемијата.
Поголем годишен економски пад во Швајцарија беше регистриран уште во 1975 година – поради нафтената криза.