Државниот секретаријат за економски прашања на Швајцарија (СЕКО) денеска соопшти дека вкупната вредност на замрзнатите руски средства достигнала 7,5 милијарди франци.
Исто така се „блокирани“ и 15 имоти во шест кантони без да се прецизира за кои кантони станува збор.
Поради тековниот конфликт во Украина, Швајцарија уште во февруари ги усвои санкциите на Европската унија против Русија и ги забрани депозитите на руски државјани во вредност од над 100.000 „швајцарски“, пишува Teletrader.
Според податоците на SECO, руските граѓани до 3 јуни депонирале 46,1 милијарди франци.