Швајцарската централна банка (СНБ) мора да опстојува во експанзивната монетарна политика за да се спротивстави на побарувачката за франк, што инвеститорите ја гледаат како сигурна инвестиција во време на зголемена глобална неизвесност, рече членот на Управниот одбор на СНБ, Андреа Махлер.
СНБ е подготвена да интервенира на девизните пазари и да ги задржи каматните стапки во негативната област за да го направи франкот помалку привлечен за инвеститорите, рече Махлер во средата на економската конференција во Лозана.
Рекордно ниво на депозити по видување во СНБ сугерираат дека банката поинтензивно интервенира на пазарот за да го задуши зајакнувањето на домашната валута. Франкот неодамна го достигна највисокото ниво во однос на еврото за две години.
„Апсолутно сметаме дека франкот е сè уште многу силен. Затоа… ни треба експанзивна монетарна политика… иако не постои сомнеж дека носи и одредени ризици “, рече Махлер.
На прашањето дали има најголем лимит на билансот на состојба на банката, таа одговори дека секогаш има аргументи за и против политиката на СНБ.
„Ни треба одржлива монетарна политика и треба да зачуваме простор за маневрирање“, рече Махлер.
Франкот се зајакнува во контекст на поблагата монетарна политика во другите поголеми светски економии, индикации за слабеење на економската активност, трговската војна САД-Кина, промена на владата во Италија и сè поверојатното излегување на Велика Британија од Европската унија без договор.
СНБ својата следна седница ќе ја одржи на 19 септември, седум дена по Европската централна банка (ЕЦБ), за која аналитичарите предвидуваат дека повторно ќе ја олеснат монетарната политика за поддршка на намалениот економски раст и слабата инфлација во еврозоната.
Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк