Швајцарската народна банка (СНБ) во четвртокот оцени дека остварила добивка од 49 милијарди франци во 2019 година благодарение на инвестициите во девизи и обврзници чија цел е стопирање на зајакнувањето на домашната валута.
Во 2018 година, ШНБ објави загуба од 15 милијарди франци.
Главната сума – 40 милијарди франци – паѓа на позициите во странска валута. На крајот на минатата година, девизното портфолио на ШНБ надмина 804 милијарди франци, што е повеќе од вредноста на швајцарскиот бруто-домашен производ.
ШНБ купува девизи за да го задуши зајакнувањето на нејзината домашна валута, што инвеститорите ја сметаат за сигурна инвестиција во услови на криза. Силниот франк им штети на швајцарските извозници и поддршката за домашната економија е составен дел од мандатот на централната банка, како и одржувањето на ценовната стабилност.
ШНБ не се бара да оствари профит.
Дополнителни 6,9 милијарди американски долари во ланската добивка беа генерирани од зголемувањето на вредноста на вложувањето во злато, се гледа од првичните податоци.
Врз основа на резултатите од 2019 година, ШНБ ќе плати две милијарди франци дивиденди на сојузната влада и кантоните и ќе разговара со претставниците на Министерството за финансии за можни дополнителни плаќања за 2019 и 2020 година.
Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк