Швајцарската централна банка ги задржа каматните стапки негативни, велејќи дека ќе се држи до својата политика за да ја ослабне локалната валута, објави „Блумберг“.
Според регулаторот франкот и понатаму е „високо ценет“ во однос на еврото и дека тековните политики остануваат суштински. Очекувањата на пазарот се токму задржувањето на монетарните инструменти што ги користи централната банка.
Каматните стапки на депозитите од деловните банки останаа негативни на -0,75%, задржувајќи ја нивната вредност од почетокот на 2015-та година.
Додека економскиот раст во Швајцарија и во еврозоната се засилува, тоа ценовниот притисок останува под целните нивоа на регулаторот и од централната банка не сакаат да преземат ништо што ќе го поскапи дополнително франкот и да ги поткопа напорите за забрзување на инфлацијата.
Оваа одлуката на швајцарската централна банка се спротивставува на многу други централни банки. Очекувањата се ФЕД да ги подигне каматните стапки следната недела, а Англиската централна банка веќе предупреди за побрзо затегање на монетарната политика. Против оваа позадина и Европската централна банка неодамна ги промени политичките насоки, приближувајќи се, иако со мал чекор, кон излезот на стимулациите.
„Ситуацијата со валутниот пазар е сé уште кревка и монетарните услови можат да се променат многу брзо“, се вели во соопштението на Швајцарската централна банка.
Швајцарија ја заврши 2017-та со постојан раст од 0,6% во четвртиот квартал, поддржан од глобалниот економски раст и послаб франк. Локалната валута минатата година падна за 8% во однос на еврото, помагајќи им на компаниите ориентирани кон извоз.
Сепак, постојат знаци дека моментумот во еврозоната може да изгуби дел од своето темпо, кое исто така ќе влијае и на Швајцарија. Довербата може да биде поткопана од плановите на САД да воведат царина за увозот на челик и алуминиум, како и од контрамерки кои можат да ги преземаат другите земји.
Швајцарската инфлација се очекува оваа година да се забрза на просечни нивоа од 0,6% и 0,9% во 2019-та година.