Курсот на швајцарскиот франк почна да опаѓа а причината според неофицијални податоци е интервенцијата на Швајцарската национална банка на девизниот пазар во петокот со купување на евра но и останати валути.
Сето ова се надоврзува на неодамнешната изјава на потпретседателот на ШНБ Jean-Pierre Danthine “Повлекувањето од фиксниот курс секако значи дека се затегнува монетарната политика. Ние го прифаќаме тоа, но само до одредена точка. Во суштина ние сме подготвени за интервенција на девизните пазари “.
Швајцарската национална банка очигледно по одлуката за укинување на фиксен девизен курс во однос на еврото, се реши да се задржи минимален девизен курс во однос на еврото.
Тоа го тврди виенскиот економски дневен весник “WirtschaftsBlat”, кој се повикува на пишувањето на швајцарскиот дневен весник “Schweiz am Sonntag”, според кој неименувани извори во ШНБ тврдат дека се држи коридор помеѓу 1.05 до 1.10 франци за евро. Оваа цел, што не е откриена во јавноста, ШНБ ќе ја чини 10 милијарди франци.
Силниот франк негативно влијание врз економијата на земјата, бидејќи тоа ја отежнува работата на швајцарските компании на светскиот пазар, а има импликации и врз туризмот.
ШНБ минатиот месец, сосема неочекувано, донесе одлука за укинување на фиксниот девизен курс во однос на еврото, што доведе до значително зајакнување на швајцарската валута и им создаде проблеми на граѓаните од целиот свет кои имаат кредити во франци.