Швајцарската компанија Џи Сол која под наем го стопанисува кавадаречки Фени денеска објави дека решила комплетно да ги исплати побарувањата на сите фирми доверители на комбинатот.
Преку својата фирма во Македонија, Еуроникел, Џи Сол нуди исплата на 60 проценти до побарувањата во следните неколку дена, а останатите 40 проценти ќе ги исплаќа во рок од една година. Ова, велат од џи сол, ќе стави крај на неизвесноста за Фени индустри и 100 проценти од прифатените побарувања во стечајната постапка ќе бидат исплатени. Кавадаречкиот комбинат веќе четири месеци е во стечај.
Во меѓувреме, доверителите му ја дадоа фабриката под наем на швајцарскиот инвеститор, кој минатата недела го рестартираше производството.