Швајцарскиот франк и скандинавските валути се најранливи во случај на ескалација на трговската војна меѓу САД и Кина. Според анализата на Данска Банка, Швајцарија, Данска и Шведска како мали и отворени економии, веројатно најмногу ќе бидат погодени од дополнителното воведување на царини меѓу двете најголеми светски економии, пишува порталот Банкар.ме.

Швајцарија е значително трговски изложена кон Кина, предупредуваат аналитичарите, додека Данска е изложена индиректно преку глобалната поморска активност.