„Ист капитал експлорер инвестментс АБ“ е името на инвестициски фондн кој вчера заедно со поврзаното друштво „Салинк лимитед“ изврши продажба на сите акции што ги поседуваше во Банката, односно 298.003 акции што претставува 13,076% учество во вкупниот број на акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје.

 

Во 2010 овој исти Шведски инвестициски фонд стана најголем акционер на Комерцијална банка при декапитализација на банка со 800 милиони денари или 13 милиони евра.

 

Фондот тогаш платил 3.500 денари за секоја ново издадена акција со право на глас на неговата сопственост. Во вчерашниот блок трансакции беа  истргувани вкупно 298.003 акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје, по цена од 3.750 денари за акција , во вкупна вредност од 1.117.511.250 денари  (околу 18,1 милиони евра).

 

Сето ова покажува дека фондот во период од седум години заработил 5.1 милиони евра само од продажбата на акциите. Неговата заработувачка од оваа зделка е многу голема ако ги земеме во предвид и исплатените дивиденди во овие седум години, како и вредноста на акциите што ги продаде  “Салинк лимитед ” компанијата во сопственост на шветскиот фонд.