СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок.

 

 

Банката вработува САМОСТОЕН РЕФЕРЕНТ ЗА ДЕЛОВНИ ОДНОСИ СО КЛИЕНТИ во Служба за корпоративно работење.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните квалификации:

Универзитетска диплома пожелно во банкарство / финансии или друга релевантна област
Минимум 2 (две) години работно искуство во областа на деловни односи со корпоративни клиенти
Многу добро познавање на даночниот систем, сметководството и анализа на финансиската состојба
Многу добро познавање на прашањата поврзани со пазарот на средства/капитал
Познавање на продажни техники и маркетинг
Познавање на техники за управување со кредитниот ризик
Познавање на прашања поврзани со побарувањата
Познавање на проблеми поврзани со управувањето и преговарањето за договори за кредит
Многу добра информираност за прашања поврзани со преструктуирања на друштвата
Познавање на MS Office
Многу добро познавање на англискиот јазик.
Избраниот кандидат треба да поседува:

Добри организациски вештини
Високо ниво на аналитички и комуникациски вештини
Добри преговарачки вештини
Флексибилност
Иницијатива
Спремност да се почитуваат и активно поддржуваат вредностите на Банката
Банката нуди плата во месечен нето износ од 36.000 до 50.000 денари.

Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.

Заинтересираните кандидати своето CV заедно со мотивациско писмо може да ги достават на [email protected], најдоцна до 20.05.2018 година.