Бизнисoт во еврозоната го испрати првиот квартал од 2018-та година со бавен раст по повеќе од една година, многу послаб од очекуваното, бидејќи новиот бизнис бележи тешкотии поради упорно силно евро, коментира „Ројтерс“, повикувајќи се на нови податоци.

 

Економскиот бум на еврозоната се забави уште во февруари, бидејќи зголемените цени оставија своја сенка, а анкетата на „Ројтерс“ претходно овој месец посочи дека растот достигна максимум, предизвикувајќи нови тревоги за Европската централна банка, додека таа изгледа се оддалечува постепено од екстремно лабавата монетарна политика.

 

Индексот на менаџерите по налозите „PMI“ на „IHS Markit“, кој во голема мера се смета за добар показател за растот во еврозоната, опадна до 55,3 поени во март во однос на 57,1 поени во претходниот месец и очекувањата на анкетираните аналитичари од „Ројтерс“од 56,7 поени.

 

Истовремено авторите на студијата, „IHS Markit“, тврдат дека податоците соодветствуваат на стабилен раст на БДП за првиот квартал – со 0,7%, повисок раст од прогнозираните 0,6% во истражувањето на „Ројтерс“.

 

„Сега сме на побавна траекторија на раст, но тоа не значи дека постои некој пад – сè уште сме на високи нивоа“, вели Крис Вилијамсон, главен бизнис економист на „IHS Markit“. „Не може да се каже дека индицираат нов вид на одлагање – на високи нивоа сме се уште“, додава тој.

 

Од почетокот на годината еврото додаде 2 проценти кон вредноста во однос на доларот и се очекува да се засили уште повеќе, така што ќе ги направи стоките и услугите на единствениот блок поскапи за странските корисници.

 

Инфлациските притисоци исто ослабнале благо и индексот на производствените цени се намалени малку до 52,4 од 52,9 поени.

 

Подиндексот кој ги мери услугите се намалува до петмесечно дно од 55 поени од 56,2 поени, исто така под очекувањата во анкетата на „Ројтерс“ за ниво од 56,0 поени.

 

Производствениот индекс исто бележи пад со два поени од 58,6 до 56,6 поени, се совпаѓа со најпесемистичната прогноза во анкетата на „Ројтерс“.