Најголем дел од кошницата, 44,06 отсто или 19.668  денари, отпаѓа на храна и пијалоци, а најмалку на одржување на здравје, 1,88 проценти или 837 денари, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

За домување во октомври биле потребни 13.716 денари или 30,73 отсто, за хигиена 3.267 денари или 7,32 процента, за превоз 3.735 денари или 8,37 отсто, за облека и обувки 2.343 денари или 5,25 проценти, како и за култура 1.067 денари или 2,39 отсто, пресметале од ССМ.