Синдикат на полиција на Македонија: Уредбата на Владата за додадок на плата е неуставна и ќе ја Согласно Уредбата за остварување на правото на додаток на плата во член 3 е наведено дека следува и за вработените во Министерството за внатрешни работи. Во член 4 став 4 во истата уредба е предвидено дека „Додатокот на плата не се исплаќа на вработените (во случајов МВР) на кои им е утврдено правото на додаток на плата со посебен закон или колективен договор”, велат од Синдикат на полиција на Македонија.
– Ова значи дека доколку со колективен договор е предвиден додаток на плата и доколку работникот го зема тој додаток, работникот нема да биде опфатен со оваа Уредба на Владата.
Кои работници земаат работен додаток во МВР и кои работници согласно Уредбата не им следува право на додатокот кој го предлага Владата
Согласно член 168 од Колективниот договор на МВР: „Заради посебните услови за работа и опасноста по живот се утврдува додаток на плата за сите работници наведени подоле и тоа:
Воздухопловен персонал,
Специјална антитерористичка единица – Тигар;
Единица за брзо распоредување;
Посебна единица за поддршка;
Единица за интервентна полиција,
Одделение за лично обезбедување на Претседателот на Република Македонија; Претседателот на Собранието, Претседателот на Владата, Одделение за лично обезбедување на министри, поранешни претседатели на Република Македонија и вонредно обезбедување, за работно место за лично обезбедување на Замениците на Претседателот на Владата на Република Македонија, Министерот за внатрешни работи, Директорот на Бирото за јавна безбедност, Директорот на Агенцијата за национална безбедност, Министерот за надворешни работи, Министерот за одбрана,
Единица за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи,
Работници каде што работата се врши со непрекинат престој во одредени издвоени објекти на Министерството подолго од 24 часа,
Единица за прикриени полициски службеници во Сектор за прикриени операции во Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Работниците од Одделот за информатика и телекомуникации.
Ова значи дека наведената категорија на вработени наведени погоре, согласно наведената Уредба на Владата, нема да смеат и можат да го остварат правото на додаток на плата што го предлага Владата.
Инаку, правото на додаток на плата до 30% од редовната плата можат да го остварат вработените заради специфичност на работите и работните задачи и зголемен обем на работа, како и постигнување на исклучителни резултати во служењето на јавниот интерес и ефикасното извршување на своите надлежности.
Во вчерашното соопштение пред јавноста „Владата високо ги цени работничките права и се води од тоа дека треба да има принцип на награди, доколку работникот извршил зголемен број на работни задачи по обем и квалитет. Исто како што има и принцип на казни доколку не се извршени работните задачи“.
Како Синдикат, сметаме дека потегот на Владата би бил за поздравување само доколку било утврдено со Закон, преку однапред утврдени криутериуми во колекивниот договор за СИТЕ да добијат некакво покачување на платите, а не додаток кој би го добиле „одредени” вработени за чија селекција ќе одлучува еден човек- раководител. Селективноста е од аспект што со Уредбата му се дава преголемо овластување на раководно лице кој самиот ќе одлучува и со самото тоа се јавува сомнеж за некаков приоритет на одредена категорија вработени.
Според Синдикат на полиција во Македонија оваа Уредба на Владата е неуставна па поради тоа во наредниот период ќе ја оспориме пред Уставниот суд.
Министре Спасовски, на ваков начин ТИ и Владата создавате СЀ само НЕ ЗАДОВОЛНА и МОТИВИРАНА полиција, стои во соопштението на Синдикат на полиција на Македонија.