Премиерот на Сингапур, Лоренс Вонг е најплатен шеф на држава, пишува Форбс. Неговата годишна плата е приближно 1,69 милиони долари. Рускиот претседател Владимир Путин го зазема 28-то место во рангирањето.
Податоците на Форбс за платите на политичките лидери се базираат на пресметките по политички плати. Меѓу најдобро платените политичари се и:
-Швајцарската претседателка Виола Амхерд (со 569.500 долари);
-Австралискиот премиер Ентони Албанес (412.500 долари);
– Американскиот претседател Џо Бајден (со 400.000 долари);
-Канцеларот на Австрија Карл Нехамер (со 316.700 долари);
– Новозеландскиот премиер Кристофер Лаксон (310.500 долари).
Најмалку годишно заработува премиерот на Етиопија Аби Ахмед Али – само 1.700 долари.
Не беше можно да се утврдат тековните приходи на лидерите на Молдавија, Србија, Казахстан, Камерун, Мавританија, Непал и Саудиска Арабија, забележува изданието.
Годишната плата на Владимир Путин според политичките плати е 113.600 долари (10,2 милиони рубли).
Пред претседателските избори во 2024 година, рускиот претседател достави до ЦИК декларација, според која во периодот од 2017 до 2022 година заработил 67,5 милиони рубљи. Во оваа сума се вклучени платите, пензиите, како и приходите од банкарски депозити, хартии од вредност и продажба на имот.
Во 2023 година, Владимир Путин потпиша декрет за индексирање на платите за себе, за премиерот и за министрите за по 5,5 проценти. Тогаш ТАСС напиша дека приходот на Владимир Путин може да достигне 874 илјади рубли месечно или 10,4 милиони рубли годишно.