Дојче банк конфискувала 20 тони злато на Венецуела, заради неисполнување на финансиски договори поврзани со исплатата на кредит добиен во 2016 година, соопшува Блумберг, повикувајќи се на сигурни извори. Агенцијата забележува дека ниту претставници на Дојче банк, ниту портпаролот на Централната банка на Венецуела не сакале да ја коментираат информацијата.
Според договорот потпишан во 2016 година, Венецуела добила кредит од Дојче банк во висина од 750 милиони долари, а како гаранција оставила 20 тони злато.
Соопштено е дека Венецуела не ги исполнува условите за исплаќање на долгот, чиј рок истекува во 2021 година, поради што германската банка донела одлука предвреме да го прекине договорот и да го конфискува златото.
Економската криза во Венецуела трае одамна и сега се продлабочува поради воведените финансиски и економски санкции против државата. Меѓународниот Монетарен Фонд очекува БДП на Венецуела во 2019 година да изгуби 25%, а во 2020 уште 10 проценти.
(Забелешка на редакцијата) Не може никој со сигурност да каже дали овие тврдења се точни се додека не се види документација за кредитот и динамиката на отплата, што ниедна страна не го обезбедува, но симптоматично е времето кога се врши оваа „заплена“ на толку голема количина злато. За жал Венецуела во последниот период е силно ограбувана од Западот, и изгледа тој тренд нема да престане се додека не и се одземат и природните ресурси како нафтата и гасот.