Сите компании од прехрамбенот сектор ќе добијат поефтина струја, потврдија од Владата.

Надминат е проблемот со ЕВН дистрибуција и струја по повластена цена ќе добијат сите компании од прехранбениот сектори дури и оние кои имаат инсталирано отоволтаици. Ова за канал5 го потврдија од владата. Струјата која ја произведуваат од фотоволтаиците сепак ќе ја откупува ЕВН по цена за 10% намалена од повластената цена по која ќе ги снабдува овие производители до крајот на април. Остануваат уште помалку од десетина комнпании кои договор за снабдување имаат со приватна компанија која се чека да го испочитува законот со кој прехранбените компании ќе добијат поефтина струја и ќе почне најавеното намалување на цената на лебот и млечните производи. Производителите на месо сепак сметаат дека цената на свинско месо неможе да се очекува да се намали пред заради недостигот на месо на пазарот заради африканската свинска чума, поскапената храна која е најголем аставка во трошоците за разлика од малото учество на струјата на сточарските фарми.

Во однос на барањата на месната индустрија за целосно укинување на давачките за увоз кои ги добиваа со одредени квоти со цел да се прави извоз сточарите сметаат дека се директна закана за опстанокот на домашното производство на свежо свинско месо со кое се снабдува домашниот пазар. Во овие крзини периоди кога се бараат мерки како да се задржи домашното производство на храна како најевтина евентуалното укинување на царините е директен удар за макеоднските сточари кои предлагаат да се носат мерки како да им се помогне како секоја година се повеќе да се заменува и наместо увозно месната индустрија да троши домашно месо. Свињарството е единствената гранка од земјоделството кое целосно го задоволува пазарот на свежо месо и мал дел од потребите за месната индустрија.