Најпопуларната криптовалута во светот, биткоинот, повторно претрпе нагло опаѓање на вредноста во последните 24 часа, според сајтот Coindesk. Имено, тој падна за 8,82 проценти и во моментов се тргува по цена од 33.198 долари. Пазарната капитализација на биткоинот падна на 617,81 милијарди долари.
Втората најпопуларна криптовалута, etherium, падна за 9,18 проценти во последните 24 часа и во моментов се тргува со 2.538 американски долари. Пазарната капитализација на оваа валута е околу 292,4 милијарди.
Остатокот од пазарот на криптовалути исто така претрпува огромни загуби кои се движат од 8,79 проценти во случајот со биткоинот до над 12,5 проценти во случај на доџкоинот.
Според експертите, постојат две причини за овој пад. Од една страна, прстите повторно се насочени кон Кина и зголемениот притисок што кинеските власти го вршат врз „рударите“ со забрана на нивната работа. Исто така, во последните неколку дена започна нивната акција за забрана на крипто-инфлуенсерите.
Од друга страна, очекувањето за „затегнување“ на монетарната политика на ФЕД ги натера инвеститорите на Запад да ги повлечат своите средства од пазарот на криптовалути.