Секој што ќе сака да продава на тезга на зелените пазарчиња ќе мора да има лиценца добиена од комората на пазарџиите.
20 илјади пазарџии по зелените пазари ќе имаат обврска да се евидентираат кај комората и за симболична сума да извадат лиценца ако сакаат да продолжат да продаваат на тезгите.
На овој начин со новите законски измени ќе се бие битката со сивата економија која во некои градови во земјава достигнува и до половина од продажбата на тезгите.
Освен обврската да извадат лиценца кое се очекува да стартува наскоро пазарџиите ќе имаат и поволност.
Договорено е да плаќаат најниски придонеси како и индивидуалните земјоделци односно месечно ќе издвојуваат околу 2000 денари – 1500 денари за пензиско и 500 денари за здравствено осигурување
Претставници на пазарџиите и на пазарите потпишаа меморандум за заедничко делување во периодот кога се доуредуваат правилата на делување и се носат подзаконските акти и во време кога моловите и големите трговски центри за една четвртина има го преземаа прометот.
Македонија е прва земја во регионот што има посебен закон за работењето на зелените пазари.