Скандинавската авиокомпанија САС беше потресена од пилотскиот штрајк, кој ги приземји авионите и погоди над 170.000 патници од петокот. Околу 70% од сите домашни, европски и долготрајни летови беа погодени во текот на викендот, откако 1400 пилоти излегоа на штрајк во врска со спорот околу ниските плати, меѓу кои 372 во Данска, 545 во Норвешка и 492 во Шведска. САС, исто така, откажа повеќе од 1200 летови закажани за денес и утре, што влијае на уште 110.000 патници. Експертите велат дека САС има “тенка” профитна маргина и е малку веројатно дека ќе ги исполни брањата на пилотите за 13% пораст на платите.