Шест големи банки во регионот формираа центар за проверка на клиенти кој ќе почне да работи од наредната година

Шесте големи банки од скандинавскиот полуостров објавија формирање на центар за верификација на клиенти, а иницијативата се очекува да помогне во нивните напори да се справи со перењето пари и сопирањето на скандалите кои се појавија кај нив неодамна кои ја навредуваат репутацијата на секторот – објавува Ројтерс.

Оваа вест ја потврдуваат и банките кои се вклучени во проектот, Danske Bank и Swedbank, како и нивните конкуренти Handelsbanken, Nordea, SEB и DNB.

Банките потврди дека Центарот за верификација на клиенти на почетокот ќе покрива големи и средни компании, базирани на Скандинавскиот Полуостров, а ќе започне да нуди услуги од следната година.

Борбата против перењето на пари се претвори во основна тема за регионот, откако Данске банка и Сведбанк беа вклучени во неколку скандали за перење пари, вклучително и бизниси во балтичките земји. Двете банки губат милијарди долари од пазарната вредност.

Најголемиот скандал со перење на пари во Европа настана изминатата година. Проблемите започнаа во  Данске банка во нивната филијала во Естонија помеѓу 2007 и 2015 година со трансакции помеѓу физички и правни лица кои не живеат во Естонија. Обемот на испраните пари се проценува на 200 милијарди евра. Најголем дел од трансакциите ги изведувале руски и молдавски државјани.

Властите во неколку земји започнаа истрага, вклучувајќи ги и оние во САД, Велика Британија и Данска.
Долго време, финансиските институции од Северна Европа се сметаа за пример за целата индустрија. Но, нивната репутација, како и довербата на инвеститорите, драстично се намалија поради скандалот.