Апликацијата Мој ДДВ достапна и за корисниците на Ајфон. Досега овие лица немаа можност да ја симнат поради строгите и рестриктивни мерки во Епл.
Од УЈП апелираат до сите граѓани кои имаат проблеми да се упатата во канцелариите на управата.
Граѓаните кои не се во можност да ја користат апликацијата МојДДВ на своите телефони, може да ги користат услугите коишто ги нуди УЈП во сите свои Организациони единици кадешто фискалните сметки може да се скенираат на киоск апарати, баркод читачи како и паметни телефони на кои е инсталирана апликацијата МојДДВ, се вели во дописот од УЈП.
Инаку од први јули кога почна да се реализира мерката поврат на 15 отсто до платениот ДДВ до сега апликацијата ја симнале 120 илјади граѓани.
Скенирани се близу 2 милиони фискални сметки со кои остварен е промет од близу 17 милиони евра. На оваа сума пресметан поврат на ДДВ од над 260 илјади евра, пари кои на сметките на граѓаните ќе легнат дури во декември. Од УЈП се задоволни од досегашната реазлиаицја на оваа мерка и ефкетите кои се во насока на справување со сивата економија.
Граѓаните инсистираат да им бидат издадени фискални сметки за производите коишто ги купуваат и за услугите коишто ги користат, а се почесто во Управата за јавни приходи се пријавуваат и нерегуларностите при издавањето, односно неиздавањето на фискални сметки, велат од УЈП.
Оние кои ќе се обидат да скенираат фискални сметки кои се на име на фирма ќе бидат казнети со глоба од 250 евра. И покрај сомнежите кои излегоа во јавноста околу безбедноста на апликацијата од УЈп некок пати посочија дека граѓаните се максимално заштитени.