Скопје е најевтиниот град во Европа. Следува Приштина како втор, потоа Подгорица не третата бронзена позиција.
Интернет платформата за брзи и евтини карти за автобуски и железнички сообраќај “Wanderu” направи листа на најевтините и најскапите градови во Европа.
Пресметката е направена врз основа на просечните цени на одредени стоки и услуги во секој град, како што се трошоците за еден километар на возење со такси, едно локално пиво, шолја капучино, билети за во музеј, ноќевање во хотел за една особа, билети за јавен превоз во еден правец и три оброци за едно лице во просечен ресторан.
Се покажа дека Скопје не е само најевтин град во Југоисточна Европа, туку и на целиот континент.
Нашиот главен град според пресметките на “Wanderu”, во Европа има најниска просечна цена на хотелско сместување во износ од 56 евра за едно лице, трета најниска цена за три оброци во просечен ресторан од 8,5 евра, петта најниска цена за шолја капучино од 1,2 евра. Вториот најевтин главен град во Европа е Приштина, додека бронзениот медал на овие избори замина во Подгорица.
Белград е на 9-то место од најевтините главни градови, додека Љубљана е на 22-то место.
Од друга страна, Монако, Рејкјавик и Даблин беа првите три најскапи градови во Европа.
Топ 10 најевтини главни градови во Европа:
1. Скопје, Македонија
2. Приштина, Косово
3. Подгорица, Црна Гора
4. Ереван, Ерменија
5. Кишинев, Молдавија
6. Тирана, Албанија
7. Минск, Белорусија
8. Софија, Бугарија
9. Букурешт, Романија; Белград, Србија
10. Сараево, Босна и Херцеговина
Топ 10 најскапи престолнини во Европа:
1. Монако, Монако
2. Рејкјавик, Исланд
3. Даблин, Ирска
4. Амстердам, Холандија
5. Лондон, Обединето Кралство
6. Париз, Франција
7. Копенхаген, Данска
8. Хелсинки, Финска
9. Валета, Малта
10. Стокхолм, Шведска